По теркот на светските ѕвезди: Антониа Гиговска со фотосесија во 9-тиот месец од бременоста
Младата пејачка Антониа Гиговска брои ситно до породувањето. Таа е во 9-тиот месец од бременоста, а токму неодамна направила фотосесија на која го истакна трудничкото стомаче.
Вакви фотосесии се тренди во светот, а пред неколку години почнаа да се практикуваат и кај нас, особено од страна на познатите лица.
Како од мајка родена Гиговска со рацете на градите и свилен чаршаф на половината го покажа трудничкото стомаче и покрај фотките напиша емотивна објава посветена на нејзиното неродено дете: „ Малечко мое. Се ближи крајот. Поминавме многу заедно, а тек што не чека. Бројам ситно да те гушнам. Знаеш дека сме посилни од се‘! Знам дека ќе бидеш мојот борец, мојот силен, мојот крал.
Моја копија! Те очекуваме Те сакаме“.
Фото: Инстаграм - Антониа Гиговска