По теркот на светските ѕвезди: Македонската блогерка Ангела во фотосесија каде го покажува трудничкото стомаче

Добивај вести на Viber

Мајчинството во животот на секоја жена претставува ново поглавје, кое ја изразува моќта, грижата, убавината, пожртвуваноста на секоја една индивидуа, која донела нов живот на овој свет.

Тоа што Деми Мур го започна прва во 2001-ва година кога се сликаше гола за насловната страна на „Vanity Fair“, денес е тренд кој го практикуваат голем број познати личности во целиот свет, а исклучок од ова правило не се ни познатите личности од Македонија. 

По Деми Мур, насловни страници на познати списанија красеа: Моника Белучи, Синди Крафорд, Бритни Спирс и Мараја Кери. Кај нас овој тренд го следеа Тијана Дапчевиќ, Миа Костова, Елена Петреска, Туна Сејди, Тамара Тодевска, Сара Костадиновска, Аделина Тахири и Катарина Ивановска. 

И македонската модна блогерка Ангела Георгиев наскоро ќе се оствари во најубавата животна улога-мајка, па реши да направи прекрасната фотосесија по тој повод.

View this post on Instagram

A post shared by Angela Georgiev (@angelagjorgieva)


Во целосно розов амбиент и розова модна комбинација, и познат тим позади себе, блогерката која носи машко бебе изгледа навистина светски.

- Најневеројатното патување досега- напиша таа под фотографиите.