По втор пат го победи ракот за време на карантинот: Рони Вуд со емотивна исповед

Добивај вести на Viber

Гитаристот на славната група Ролинг Стоунс, 73-годишниот Рони Вуд, призна дека водел битка со ракот за време на карантинот во Велика Британија.

За британскиот „Сан“ Вуд открил дека во 2017 имал рак на белите дробови, а за време на карантинот во Велика Британија, по втор пат ја победил злокобната болест.

-Повторно ја победив болеста. Во текот на опоравувањето се прпуштив и заборавив на сите други проблеми. Бев подготвен да го прифатам она што не можам да го променам. Единствено што ми остана беше да бидам позитивен и да се борам, а останатото и го препуштам на виша сила-рекол славниот музичар од Ролинг Стоунс.