Побегна од војна, беше малтретиран и бездомник: Денеска заработува 700.000 евра по епизода благодарение на оваа хит серија

Фото: Profimedia

Ѕвездата на хит-серијата на Нетфликс „Сексуално образование“, Нкути Гатва, денес заработува 700.000 евра од популарноста, но пред славата да му тропне на врата тој бил бездомник.

Нкути Гатва, кој го игра ликот на Ерик Ефоинг (29) во „Сексуално образование“, бил бездомник пред да биде ангажиран во популарната серија. Како што објасни во едно од интервјуата, морал да позајмува од пријатели и познаници за да може да дојде на аудицијата. Се позајмувал за да направи костум или да плати превоз.

Фото: Profimedia

Нкути и неговото семејство ја напуштиле Руанда разорената од војна и се преселиле во Шкотска. Иако семејството на Нкути успеало да избегне војна, тој не можешел да го избегне малтретирањето на училиште поради бојата на кожата.

Со желба да успее во филмската индустрија, тој се преселил во Лондон за да го исполни својот долгогодишен сон - да стане актер. За жал, тој брзо ги потрошил своите заштеди и набргу станал бездомник. Имал среќа што пријателите го пуштиле да спие кај нив.

„Околу пет месеци пред „Сексуално образование“ претежно спиев во туѓи дневни соби, немав покрив над главата. „Вистинска среќа беше што имав пријатели, инаку ќе бев на улица“, рече Нкути.

Фото: Profimedia

Провокативната и прогресивна серија за човечките желби, запознавањето со телото и сексуалноста стана една од најгледаните на Нетфликс, дозволувајќи му на Нкути да заработи повеќе отколку што сонувал.

Извор: zena.blic.rs