Побрзо, полесно, поедноставно и енергетски поефикасно пролетно чистење на домот со Gorenje
Доаѓањето на пролетта и конечно долго очекуваното убаво време значи само едно - големо пролетно чистење. Со доаѓањето на сончевите денови, нашите домови стануваат особено чувствителни на прашина која е повидлива од вообичаено. „Генералката“, како што често ја нарекуваме, не мора да биде исцрпувачка, напорна или да одзема време. Со апаратите на Gorenje, оваа активност секогаш ќе биде брза и ефикасна, а со специјална понуда на машини за перење алишта, машини за садови, правосмукалки, чистач на пареа и пегли до 9. јуни, ќе биде и подостапна.
Со модерните технологии кои постојат за да ни го поедностават животот, чистењето ќе одземе помалку време, време кое можете да го искористите за да уживате во убавите и топли денови надвор.Gorenje има за цел да ви го олесни секојдневието и во исто време да ви понуди еколошки производи по одлична цена.Токму поради тоа, свесни за влијанието на нашите секојдневни активности врз животната средина, на потрошувачите им нуди производи со поголема енергетска ефикасност и со помала потрошувачка на енергија.Малите апарати за домаќинство можат значително да придонесат за реализација на оваа цел и во исто време да помогнат во намалувањето на месечните трошоци за домаќинството.
Чистењето со правосмукалка никогаш не била полесно
Таков производ се правосмукалките Gorenje, кои имаат иновативна четка за собирање прашина (XpandZone четка). Двојниот канал за вшмукување прашина во Х-облик ја зголемува површината што собира прашина од теписи, тврди површини и паркет. Ова резултира со поефикасно вшмукување и заштедува време. Со скратено време потребно за смукање, подготвени сте да го средите останатиот неред во домот.
Ако, пак, сакате целосно да ја автоматизирате работата со правосмукалка, вашиот совршен избор ќе биде Gorenje роботската 2 во1 правосмукалка со која ќе можете да уживате во оптимално истовремено смукање и џогирање на тврди подови. Со помош на паметна технологија, роботската правосмукалка ќе ја мапира околината за да биде што е можно поефикасна во чистењето. Вклучува функција на меморија за прекин и создава визуелни одлики за следење на патеката за чистење. Жироскопот помага да се фиксира права линија - кога роботската правосмукалка ќе стигне до крајот на просторијата, се движи надесно околу 75% од должината на четката и се враќа назад, потоа стигнува до крајот и се движи малку кон десно и повторно се враќа. Веќе не мора да чистите со правосмукалка, а потоа рачно да ги џогирате подовите за да им го вратите сјајот, бидејќи роботската правосмукалка го прави сето тоа самa. Со апликацијата G·Smart, можете да управувате со правосмукалката од далечина и да имате преглед на процесот и патеката на чистење. Од далечина, можете да ја вклучите роботската правосмукалка да го усисува вашиот дом, дури и кога не сте таму. Благодарение на специјалниот дизајн ќе може да допре до сите агли на вашиот дом, автоматски да се врати во базата за полнење доколку почувствува дека е време за полнење, а благодарение на меката четка ефикасно ќе ги исмука сите површини.
Едноставни и паметни апарати за домаќинство
По чистењето со правосмукалка, поминете ги подовите со Gorenje чистачот на пареа. Тој се вклучува едноставно - со само едно копче и ефикасно ги отстранува прашината, алергените и непријатните мириси и уништува до 99,9% од грините и бактериите. Чистачот на пареа Gorenje е совршено и брзо решение за вас и вашето семејство. Многу е лесен за употреба и складирање.
За мека облека без набори
Сега кога ги исчистивме подовите, време е да се погрижиме и за плакарите. Пролетното чистење значи и промена на гардеробата. Треба да ја препереме зимската гардероба, да ја исушиме и складираме, а да ја извадиме и освежиме пролетната гардероба. Од одличната понуда на Gorenje ја издвојуваме комбинираната машина за перење и сушењеWD2A164ADS, која со својот моќен и ефикасен инвертер PowerDrive мотор овозможува вашата машина за перење и сушење алишта да биде долговечна, додека истовремено ја заштедува електричната енергија со секое перење. Моќниот мотор ќе се справи со големи количини алишта од 10 кг за перење и 6 кг за сушење. Дополнително, генераторот на пареа (SteamTech), кој овозможува третман со пареа на крајот од одбраната програма, значително ги намалува наборите, алергените и бактериите. Барабанот на машината е полн со пареа која поминува низ секоја ткаенина и ја прави мека, а пеглањето е речиси непотребно. При промена на гардероба, програмата QuickWash 15' е совршен избор. Помалку извалканите алишта може лесно да се освежат за 15 минути на температура од 30°C. Така, вашата облека ќе биде подготвена за многу кратко време.
И за крај, за да не поминете цел ден во средување на вашиот дом, испеглајте ги алиштата со Gorenjeпегла на пареа без да се грижите за капките вода што доведуваат до дамки. Ако се случи да заборавите да ја исклучите пеглата, не треба да се грижите бидејќи ако ја оставите во хоризонтална положба на некоја површина или ако падне на страна, автоматски ќе се исклучи по 30 секунди.
Пронајдете ја вашата нова Gorenje машина, правосмукалка, пегла или чистач на пареа по супер цена и уживајте во пролетните денови во вашиот чист и уреден дом.
ПР објава