ПОЧИНА 20-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД МОЗОЧЕН УДАР: Пред две недели се вакцинирала со Џонсон и Џонсон
Словенечката влада ќе набавува голема количина од вакцината Џонсон и Џонсон од Унгарија, иако некои сметаат дека употребата на оваа вакцина треба да се прекине додека не се расчисти случајот со 20-годишната девојка, која почина две недели по вакцинацијата.
Како што објави вчераТВ Словенија, повикувајќи се на неофицијални извори од Универзитетскиот клинички центар Љубљана, младата девојка починалаод последиците од мозочен удар. Иако УКЦ-Љубљана првично ја демантираше веста, нагласувајќи дека девојката е во критична состојба, утринава сепак потврди дека таа починала.
„За жал, можам да потврдам дека борбата за нејзиниот живот заврши неуспешно“, им рече на новинарите Игор Риглер, раководител на одделот за итна неврологија во Универзитетскиот клинички центар-Љубљана, додавајќи дека сеуште овој случај не може да се поврзе со вакцинирањето.