Почина дизајнерката Вивиен Вествуд: Беше во брак со 25 години помлад, се капеше еднаш неделно, а тврдеше дека е најдобро облечена жена во секоја соба
Познатата дизајнерка Вивиен Вествуд почина вчера на 81-годишна возраст.
Тажната вест ја потврди нејзината модна куќа, истакнувајќи дека таа починала мирно и опкружена со семејството во нејзиниот дом во Лондон.
Се огласи и сопругот и креативен партнер на познатата дизајнерка Андреас Кронталер. „Вивиен ќе продолжи да биде во моето срце. Работевме заедно до самиот крај и таа ми даде толку многу да штом можам да продолжам“, рече тој.
Инаку, дизајнерката го запознала 25 години помладиот Андреас по два пропаднати брака, во раните деведесетти, кога таа му била професорка на универзитетот. Оваа врска предизвика многу контроверзии, особено затоа што австрискиот дизајнер беше наведен бисексуалец. Без оглед на осудата на општеството, тие се венчаа во 1993 година, од тој момент станаа неразделно дуо, како во приватниот живот, така и во деловната сфера, правејќи го брендот „Вивиен Вествуд“ се‘ посилен и посилен.
„Тој е најталентираната личност во модата што некогаш сум ја сретнала и ние совршено се совпаѓаме. Нему му треба мојата смиреност бидејќи е многу хистеричен и понекогаш се преоптоварува. Одличен е кога прави работи, ја насочи нашата продукција и ја претвора во нешто сосема друго“, изјави во една прилика дизајнерката, посочувајќи дека неговата сексуална ориентација не ѝ е проблем.
„Никогаш не се грижам за тоа што прави и го оставам на мира. Тој оди сам на одмор, а кога е отсутен, читам и правам женски работи", признала таа.
Инаку, парот, кој е еколошки свесен и се залага за рационално консумирање вода, своевремено ги полнеше страниците на светските медиуми поради конкретни изјави за хигиената на телото. Имено, Вивиен откри дека се бања еднаш неделно, додека нејзиниот сопруг еднаш месечно, а хигиената ја одржува со тоа што наутро брзо одмивала одредени делови од телото.
Андреас не штедеше зборови за љубов кон сопругата, а особено незаборавен е неговиот говор од модната недела во Париз во 2018 година: „Боже, колку долго се познаваме и колку е прекрасно! Сакам да ти оддадам почит како мојот соработник, мојот пријател, мојот партнер, мојот учител и се разбира - како моја муза. Сè уште мислам дека ти си најдобро облечената жена во секоја соба“.
Фото: Профимедиа