Почина на 91 година: Тажната судбина на Селма од хитот на „Бјело Дугме“

„Селма“ беше еден од најголемите хитови на „Бијело Дугме“ на сите времиња, а ја испеа првиот пејач на култниот сараевски бенд, Жељко Бебек.

Песната е посветена на една жена која во која босанксиот поет и текстописец Владо Дијак бил толку вљубен што нејзиното патување на факултет го опишал во песната. „Селма“, која подоцна стана една од најубавите љубовни песни во регионот на сите времиња.

Таа Селма, почина денеска на 91 година, а јубилејниот 90-ти го прослави во друштво на легендарниот пејач Жељко Бебек, кој тогаш ѝ посака да слават и 100-тка.


Денеска пак тој ја реобјави фотографијата и напиша: „Патувај Селма.. почивај во Божји мир.“.

Селма Бориќ го запознала Владо Дијак во 1949 година, кога имала 19 години. Иако тој никогаш не ѝ изјавил љубов, за неговите чувства спрема неа сите дознаа од легендарната песна. 

Таа е родена во Зеница, а одела на школување во Сараево. На едно од патувањата со воз, ја сретнал поетот Дијак, се понудил да ѝ помогне со багажот и ѝ рекол: „Селма, не се наведнувај низ прозорецот“.

Дури во 1962 година, нејзиниот татко ѝ го пратил весникот во кој било обајвено дека токму таа е Селма за која се пее во баладата на „Бијело Дугме“. 

Во последните години од својот живот таа беше многу осамена, и како што изјави во една прилика ѝ починале сите што ѝ значеле нешто во животот.

- Јас сум осамена како и секоја стара жена. Ретко патувам. Сестра ми Нура-Марија неодамна почина во Мостар и сè помалку се оние со кои го поминав животот. Пазарувам, разговарам со познаници и тоа е сè - изјави тогаш таа.