Почина првата победничка на Евровизија

Добивај вести на Viber

Лиз Асиа, победничката на првата Евровизија во 1956 година, почина на 94 години, објавија организаторите на Евровизија.

Родена е во северна Швајцарија, кариерата ја започнала како танчерка,но подоцна се посветила на пеењето. Починала во болница во Цирих, а ќе биде запаметена како победничка на првата Евровизија. Таа ја претставуваше Швајацарија со песната „Refrаin“,и сѐуште е единственатаШвајцаркакојапобедиланаЕвровизија.

Својата земја во 2012 повторно ја претставуваше  на Евровизија, но го освои осмото место.