Починатата родилка два пати одбивала хопспитализација: Да нè послушаше, можеби ќе успеевме да ги спасиме и неа и бебето, др. Викторија Јованоска

Последната млада жртва на корона вирусот, 22-годишната родилка од Скопје која почина вчера, пред да биде примена на Клиниката за гинекологија и акушерство, претходно два пати одбивала да биде хоспитализирана во оваа здравствена институција. Директорката на ГАК, д-р. Викторија Јовановска за Фактор вели дека пациентката иако била во многу тешка состојба, никако не сакала да ја задржат во ковид-центарот, бидејќи, како што појаснува д-р. Јовановска, девојката била убедена дека не е позитивна на вирусот.

-Кога состојбата и беше целосно влошена, на неделно дежурство, ноќта меѓу 22. и 23.ноември конечно ја хоспитализиравме. Но, таа имаше огромен елекролитен дисбаланс поради нерегулиран дијебетес и намалена функција на тироидната жлезда. Вредноста на гликемијата, односно шеќерот и беше 30. Тоа е навистина премногу. Дополнително, иако немаше температура, имаше други симптоми кои ги дава вирусот, повраќање, гадење, и откако и го направивме тестот за корона вирусот се потврди дека младата жена е позитивна на Ковид-19. Во таква тешка состојба, веднаш е направен и царски рез, но изваден е мртов плод како последица токму од нејзината целокупна здравствена состојба. Инаку, беше во терминска недела, 37-ма, а бебето беше повеќе од 4 клиограми. Навистина е жално кога се губат млади животи, но и покрај нашите инсистирања да ја хоспитализираме, и покрај напорите на нејзинот семејство да ја убедат да се згрижи болнички, таа никако не сакаше да ги прифати советите. Потоа беше премногу доцна да ги спасиме и неа и бебето, вели д-р. Јовановска за Фактор.

Откако и бил направен царскиот рез, како што посочува директорката на ГАК, пациентката требало да биде интернистички третирана поради вирусната инфекција, заради што по само три дена ја префрлиле во ГОБ „8 Септември“.

Целиот текст , прочитајте го на Фактор.мк