ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ЈА СУПЕРИОРНАТА БРЗИНА СО НЕОТЕЛ
Неотел започна нова промотивна кампања за сите нови или постојни домашни корисници што сакаат да направат обнова на своите пакети. Со склучување договор за оптичките интернет-пакети, покрај стабилна и сигурна интернет-врска, добивате и зголемена брзина во првата година од склучувањето на договорот. Со пакетот Fiber50 добивате брзина до 100 Mbps, а со Fiber100- брзина до 300 Mbps. Кај пакетите со телевизија, со neoTrio 50 брзината на интернетот ќе биде 100 Mbps, а кај neoTrio100 добивате зголемена брзина, до 300 Mbps, во текот на цела година. Понудата трае до 10.6.2019 година.
Tелекомуникацискиот оператор, кој е присутен на пазарот скоро 15 години, користи најмодерна технологија за своите услуги, како за приватните, така и за правните лица што имаат потреба од разни професионални податочни услуги како хостирање податоци, Cloud Computing, колокација во високодостапен податочен центар, пренос на податоци по безбедни и високодостапни врски.
Повеќе за понудата може да погледнете на следниот линк.