ПОДДРШКА ЗА УМЕТНОСТА ОД ХАЛКБАНК

Добивај вести на Viber

 Халкбанк им подари уметнички дела на своите партнери и соработници и со ваквиот избор на новогодишни корпоративни подароци ја поддржи уметноста и младите уметници во земјава. Станува збор за 150 графики кои беа изработени од неколку академски графичари, членови на Графичката работилница „Софија“ од Богданци.

„Годинава одлучивме традиционалните новогодишни корпоративни подароци да ги замениме со автентични уметнички дела изработени од талентирани уметници од Македонија. На овој начин практично ја заокружуваме 2022 година во која поддржавме и организиравме голем број настани и работилници кои ја поттикнуваат креативната енергија кај луѓето, а пред сè кај децата. Испраќаме порака дека за нас како банка важни се луѓето, нашите партнери и соработници, но важни се и уметниците и уметноста“, изјави Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк АД Скопје.

„Ова е навистина позитивен гест од Халкбанк затоа што сметаме дека мора сите заедно да работиме за уметноста да го најде својот пат и своето место во нашето општество. Графиките беа создадени во неколку различни техники и станува збор за уникатни уметнички дела, кои се извор на личната инспирација на графичарите кои работеа на нив. Оваа поддршка е дополнително важна, бидејќи годинава ја организиравме 15-та јубилејн Графичка работилница „Софија“ Богданци, а секако веќе се подготвуваме за 16-то издание, кое ќе одржи во август, 2023 година“, вели Виктор Семенпеев, претседател на Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци.

Халкбанк во 2022 година беше вистински и искрен пријател на уметноста и клутурата. Банката го поддржа Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“, организираше креативни работилници за деца во повеќе градови во државата и донираше детски катчиња, книги и сликовници во библитеките во Струмица, Штип и Кавадарци. Исто така Банката беше поддржувач и на Beach Film Festivalи Галичник Филм Фестивал, потоа манифестацијата Култура под небото“ која се оддржуваше на отворената сцена на Булфрогс балетското школо во Паркот на Франкофонијата и која всушност претставуваше проект за подобрување на физичкиот и менталниот развој на децата и младите и за поттикнување на едукација во културната сфера, како и проектот Македонисимо на нашиот најпознат пијанист Симон Трпчевски кој епроект посветен на македонскиот народ, односно проект кој ја воздигнува и афирмира македонската традиционална  музика.

пр објава