Поддршката од СОС Детско село за сопствен бизнис развој го поттикнува општествениот напредок

Добивај вести на Viber

Саемот за мали бизниси – Создаваме брендови го претстави клучот на успехот

Од 21-ви до 23-ти септември на платото пред Сити мол ќе се одржи саемот за мали бизниси – Создаваме брендови. 20-на претприемачи кои сопствената претприемничка приказна ја започнаа благодарение на добиен грант од СОС Детско село преку проектот за Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади родители во социјален ризик преку мерки за генерирање приходи, кој е поддржан од Германското министерство за економска соработка и развој.

На денешното отворање присуствуваше градоначалникот наОпштина Гази Баба, Борис Георгиевски, којистакна, „Чест ни е што општина Гази Баба има одлична соработка со СОС Детско село и што заедно со нив, вложуваме и придонесуваме за позитивен развој на децата од ранливите категории кои живеат на наша територија“. Георгиевски додаде дека му многу драго што од општина Газин Баба им е отстапен простор кој е целосно реконструиран и каде стручни тимови ги обучуваат младите да започнат свој бизнис.

„Во нашето портфолио има неколку програми со кои се трудиме да го подобриме нашето општество. Покрај тоа што овозможуваме најквалитетна грижа и  поддршка на деца и млади без родителска грижа и во социјален ризик од 2001 година, се трудиме да ги мотивираме и тие кои имаат потенцијал да станат големи катализатори за напредокот на нашето општество. Затоа денес со нас има 23 претставници на мали бизниси кои преку нашата програма ја увидоа сопствената желба за успех и ја достигнаа.“, порача Јулијана Гапо, Национален директор на СОС Детско село Македонија.

„Секогаш треба да почнеме од почеток, како во животот, така во бизнисот и работата. Патот не е лесен и затоа преку нашиот проект нудиме вработување и самовработување за млади во социјален ризик. Многу од нив имаат толку голем потенцијал и желба да ја работат работата од нивните соништа. Ние им помагаме на овие млади луѓе да отворат свој бизнис. Затоа тие се денес со нас. Во следните 3 дена и низ годините ќе работиме заедно да создадеме брендови за секој од нив.“, рече Корнелија Спасовска, менаџер на проектот за социјална инклузија и економски зајакнувања на млади и млади родители во социјален ризик.

Самиот проект е од отворен карактер и тимот ги повикува сите заинтересирани, особено млади од општина Гази Баба да се пријават доколку посакуваат да ги остварат своите соништа и да создадат бренд.

За сите кои се веќе подготвени да го направат првиот чекор може да го посетат Ресурсниот центар на СОС Детско село во населба Ченто или да го контактираат самиот проект на 071 370 150 или на https://www.facebook.com/sosbmz/.