Подгответе си марамчиња: Ќерка му напишала писмо на таткото кој го оставила сопругата
Една млада ќерка му напишала трогателно писмо на својот татко, кој го оставила неговата сопруга. Спремајте марамчиња додека го читате.
Сведоци сме на поразителна статистика за бројот на разводи ширум светот, кој секојдневно расте. Иако тоа не е радосна вест, реалноста мора да се прифати. Ако сте меѓу оние кои размислуваат за развод, внимателно прочитајте ја оваа статија.
Трогателно писмо до татко оставен од неговата сопруга
Без разлика дали сте се развеле спогодбено или неспогодбено и без разлика кој го иницирал разводот, разводот е страшна работа - секогаш и за секого!
Разводот е емотивен пекол и е ужасен и без деца, а уште полошо е со децата. Тие може најмногу да страдаат.
Ова писмо му го напишала една ќерка на нејзиниот татко. Навистина е трогателно.
Пораката гласи: „Еј тато, знам дека минуваш низ тежок период во моментов и само сакам да знаеш дека јас ќе бидам тука за тебе секогаш и засекогаш. Се надевам дека повторно ќе станеш среќен, бидејќи би сакала да правам многу забавни работи со тебе во текот на летото. Те сакам многу и само запомни го тоа... секогаш ќе бидам тука за тебе“.
Популарната култура тврди дека љубењето некого треба да биде лесно, а ако не е, тогаш не е љубов. Но, тоа верување не може да биде подалеку од вистината. Вистинската љубов бара труд.
Бог, кој е самата дефиниција за љубовта (1. Јованово 4:16), докажал дека љубовта бара труд давајќи го својот Син како жртва за сите (Јован 3:16).
Да останете со вашиот сопружник вклучува одложување на желбата да заминете и вложување напор да останете во вашиот брак.