„Подготвувам свадба“: Старлетата Станија Добројевиќ конечно ќе се мажи, Асмин ја потврди радосната вест -„Гала венчавката ќе се одржи во Америка“

Асмин Дурџиќ и Станија Добројевиќ ја обновија романсата ги мсирија страстите, а сега се подготвени да ја подигнат врската на повисоко ниво.

Имено, Асмин неодамна изјави дека планира да изгради луксузна куќа во која ќе живее со Станија, а откри и дека напорно ја подготвува свадбата.

Неговите обожаватели биле загрижени бидејќи тој во последно време е неактивен на социјалните мрежи, па тој објаснил дека причината е гала венчавката што ќе ја приреди наскоро.

-Никој не ми го хакнал профилот, кумот не знаел. Ама јас спремам свадба, па се исклучив малку. Многу работа околу венчавката, таа мора да биде најдобрата во Европа и Флорида – напиша Асмин преку својата Инстаграм приказна.

Да потсетиме, Асмин неодамна и купи на Станија роденденски подарок од речиси 300.000 евра.

- Животот не спои сосема случајно и од тој момент ништо не е исто. Сега знам за што живеам, сега знам што е вистински живот. Имам само една желба, а таа желба си ти. Овој ден ќе бидам твоја сенка и ќе се трудам се да направам по твоја волја. Секој твој збор е моја заповед и должност. Те сакам и ми причинува вистинско задоволство. Љубов во очите, радост во срцето и среќа во рацете, само тоа сакам да го имаш во иднина. Среќен ти роденден љубов моја – напиша Асмин за роденденот на Станија.


Фото:Инстаграм