Погледнете ја првата Барби кукла со Даунов синдром: Дури и дланките на куклите имаат специфична линија

Американскиот производител на играчки Mattel ја претстави својата прва Барбика - кукла со Даунов синдром, во обид да ја направи својата популарна палета на кукли поинклузивна.

Таа компанија денеска објави дека во соработка со Националното здружение за Даунов синдром во САД, создала кукла која има пократка рамка и подолго торзо од другите кукли Барби. Нејзиното лице, се наведува, е тркалезно, со очи во облик на бадем, помали уши и рамен нос. 



„Дланките на куклата вклучуваат дури и линија, што е карактеристика што често се поврзува со луѓето со Даунов синдром“, велат од компанијата во изјава за Ројтерс.



Куклата е облечена во пуф фустан со ракави украсени со пеперутки и цвеќиња во жолта и сина боја, кои се поврзани со свесноста за Даунов синдром. Таа носи розев ѓердан со три шеврони кои претставуваат три копии од 21-от хромозом, како и розови загради за глуждот, се додава во соопштението.

View this post on Instagram

A post shared by PuroMerca (@puromerca)



„Нашата цел е да им овозможиме на сите деца да се видат себеси во куклите Барби, а истовремено да ги охрабруваме да си играат со кукли кои се разликуваат од нив“, изјави Лиза Мекнајт, глобална директорка на куклите Барби во Mattel, пренесува Танјуг.


Пред јавноста куклата ја претстави Ели Голдстејн – 21-годишна девојка која стана модел и сега сè почесто ги краси страниците на реномирани списанија.


Играчката ќе чини 15,8 евра и веќе може да се нарача .


ФОТО: Инстаграм screenshot