Покана за промоција на едицијата „Лесно читливи лектири“ во издание на „Арс Ламина – публикации“

Добивај вести на Viber

Арс Ламина ве поканува на промоција на новата едиција „Лесно читливи лектири“, што ќе се одржи на 21 мај 2019 (вторник) во локалот „Амбрела“ (Umbrella Lounge Bar) во ГТЦ, приземје, со почеток во 11 часот.

Издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, преку својот импринт „Либи“, ги објави новите 40 лектирни изданија за основно образование. Новите лектири се разликуваат од сите претходни лектири на пазарот, пред сѐ, по тоа што се лесно читливи за учениците, вклучително за децата со дислексија. Изработени се според светските стандарди за дислексија, а вклучуваат и речник на помалку познати зборови, како и активности за работа на час.

Станува збор за поголем дел од листата на лектири за основно образование одобрени од Министерството за образование и наука.
Едицијата „Лесно читливи лектири“ е препорачана од Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и Филозофскиот факултет од Скопје.

Проектот „Лесно читливи лектири“ ја освои првата награда во категоријата за „Најдобра едиција“, што ја додели Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) за време на Саемот на книгата 2019.