Покажа фотографии од своето новороденче и сите ги вчудоневиди: Тешко е 6,35 кг, носи облека за бебе од 9 месеци

Една мајка сподели фотографии од своето новороденче кои веднаш станаа вирални. Имено, бебето е скоро три пати поголемо од просечното новородено дете.

Еден корисник на TikTok ги покани луѓето на Интернет да споделуваат слики од нивните големи бебиња.

- Со тоа сакате да си играме ? - напиша една жена и објави фотографии од своето бебе кое е родено 6,35 кг и 61 см.

- Во 38-та недела од бременоста го родив вториот син со царски рез и со помош на двајца лекари - се присетува мајката на две деца.

Во Велика Британија, просечната тежина на новороденче е 3,5 килограми, а просечната должина е околу 50 сантиметри.

- Така е - додава таа - родив големо бебе, кое потоа помина 11 дена на интензивна нега. Тој беше најголемото бебе овде.


Фото: Printskrin- TikTok/@shans1588