„Покрај него си уште поубава“: Македонскиот модел Илариа Кирилов го покажа момчето
Илариа Кирилов е атрактивна и многу убава дама која е познат модел, кој зад себе има многу успеси во модната сфера. Таа е успешна кај нас, но и надвор од нашата земја.
Младата кумановка има специфична убавина со која плени. Илариа покрај тоа што е веќе познат модел, таа е и модна дизајнерка со колекции зад неа како и инфлуенсерка.
Има соработувано со голем број македонски брендови, но има соработки и со светски познати модни креатори. За нејзината убавина слушна и познат либански дизајнер, кој ја ангажираше како модел за неговите раскошни креации.
На нејзиниот Инстаграм профил може да се забележат фотографии од неа и нејзините најблиски пријатели и соработници, но овој пат го покажа и момчето.
Таа изгледа заносно во црна тоалета која ја следи линијата на телото, со длабоко V деколте и шлиц. А покрај неа е нејзиното момче со кое се модно усогласени.
Тој носи црни панталони, бела кошула, црна врска и црни кондури.
Коментарите под фотографиите се нижеа, а еден нејзин следбеник напиша: „Покрај него си уште поубава“.
Фото: Инстаграм