„Полица“ со најоригинален штанд на саемот и најсилна кампања за читање
На 31. Саем на книгата 2019, издавачката куќа „Полица“ се закити со две признанија од Македонската асоцијација на издавачи.
Првото признание, всушност, е прва награда за најголем промотор на читачката култура меѓу два саема и беше доделено за кампањата „Читај на екс“. Кампањата се одвиваше во автобусите на ЈСП во декември 2018 и јануари 2019 година, каде што „Полица“ постави книги кои граѓаните можеа да ги читаат додека се возат од една до друга дестинација.
Со второто специјално признание, штандот на „Полица“ на овогодишниот Саем на книга беше прогласен за најоригинален. Штандот, со голем „ѕид“ изработен од дрво и со реални полици на кои беа изложени најпопуларните наслови на „Полица“, со својата естетика го привлекуваше вниманието на посетителите.
Кампањата и штандот на „Полица“ беа реализирани во соработка со маркетинг-агенцијата „Импакта ДДМ“.