Половина година лечев последици од ковид-19: Со апаратот за притисок на една рака, а со желба за наздравување на животот во другата

Добивај вести на Viber

Она што го поминала актерката е поука за сите.

Актерката и сестра на пејачот Димитар Андоновски, битолчанката Маја Андоновска Илијевска денес полни 37 години, за кои вели дека гордо ги прегрнува.

По повод роденденот, Маја направи ретроспектива на 36-ката за која вели дека не била баш најдобра со неа.
 Актерката објави фотографија од пред шест месеци, споделувајќи дека така всушност ѝ поминала годината, бидејќи откако се заразила со ковид-19, половина месец лечела пост-ковид последици.

Сепак тоа сега е зад неа и таа си посака најубави желби за роденденот.
Ви го пренесуваме целиот статус на Маја:

„Јас сакам да зборувам за животот таков каков што е, со сите свои осцилации на дно и небо... За мене животот одамна не е совршена слика на фб и инстаграм, туку срцебиење страст, љубов, тага, радост, успех, неуспех... Се доживеано полнокрвно, човечки!
Денес ми е роденден. Гордо ги прегрнувам своите 37, силна, свесна и среќна.
36 ката ја бакнав, прегрнав и ја испраќам. Ако беше гад кон мене, ќе се сеќавам на неа со љубов. Пола година се плашев да не закачам Ковид до анксиозност, другата половина здравствено ги лечев последиците од неговото прележување.
Фотографијата е стара 6 месеци и е мала шала на сопствена сметка, оти така ми помина триесет и шеската, со апаратот за притисок на една рака, а со желба за наздравување на животот во другата.
И да кажам, добра сум, лекцијата ја повторив, усвоив и научив, најважно е да знаеш кога да ја кренеш рачната, а кога да се возиш на лудата железница на животот.
Си се опкружив со мал круг на за мене големи и најважни луѓе , се смеам на сопствена сметка многу често, вежбам јога, сакам и сум сакана!
И да ако на 27 бев Торнадо, на 37 сум УРАГАН 
Среќен да ми е роденденот. Му благодарам на бога за се што имам. Посакувам само да сум здрава, жива и опкружена со најмилите, да си примам едно вакцинче и да си играм претстави, да организирам настани, концерти и фестивали без протоколи. Друго ништо не ми треба“ - напиша актерката.