Полусестрата на Меган Маркл со неверојатни откритија за свадбата на актерката и принцот Хари

Добивај вести на Viber

Писателката Саманта Грант, која е полусестра на идната британска принцеза Меган Маркл е бесна откако кралското семејство соопшти дека поканите за свадбата веќе се пуштени, а нејзината ја нема никаде. 

На свадбата во Виндзор се поканети 600 лица, а семејството на поранешната актерка се уште не добило покани, вели таа.

"Мислам дека семејството треба да биде на листата на поканети луѓе. Мојот вујко и брат, нејзините пријатели во изминатите 30 години ... моето семејство е семејство ", вели Грант. 

Во листата на гости има многу познати личности, како и луѓе кои се истакнати со нивната хуманитарна работа и исклучителни животни приказни, но нема да има политичари што значи дека поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга нема да добијат покани, иако се блиски пријатели на Хари, пишуваат странските медиуми.

Извори блиски до кралскиот дворец изјавиле дека во листата на гостите имало членови на семејство на Маркл што се потврдува и од самата идна принцеза. 

"Се разбира, татко ми ќе биде со мене", рекла Маркл. Се чини дека покана не добила само полусестрата на Меган, која не престанува да ја напаѓа јавно. Таа вели дека принцот Хари ќе ја напушти Меган кога ќе дознае каква навистина е.