ПОМАЛКУ БРАКОВИ И ПОВЕЌЕ РАЗВОДИ: Зошто „пукаат“ брачните заедници?
Податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) покажуваат дека во државата имаме помалку склучени бракови, но и повеќе разводи. Бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со претходната година е намален за 1.6 отсто и изнесува 12.672 бракови. Бројот на разводи во 2023 година бележи зголемување од 9.4 отсто во споредба со 2022 година и изнесува 1.765 разведени брака. Психологот Јасмина Јовческа вели дека има повеќе причини поради кои луѓето се разведуваат.
„Разводот е голем стресоген фактор за понатамошно функционирање, особено кога е основано семејство, се стекнувал заеднички имот и се одгледувале деца. Иако најчеста причина зошто се стапува во брак е основање на семејство, љубов кон партнерот со кој се во врска особено ако таа врска е долга, но некои стапуваат во брак и заради финанскиска сигурност како мотивирачки фактор, но и потребата и желбата за придружник. Не е исклучен фактот дека се стапува во брак заради правни и општествени причини, но и семејни притисоци“.
Повеќе за информацијата, прочитајте на Фактор.