Помладиот милионер ја изневери: Нина Бадриќ прозборе за љубовта
Нина Бадриќ, со поранешниот сопруг, бизнисменот Бернард Красиќ беше речиси 20 години, и многумина коментираа дека неизмерно се сакаат. Сепак, не било сѐ како што изгледа, пишува српски Курир.
Беше во брак со Бернард Красниќ 6 години и се разведоа во 2012 година.- Нина Бадриќ со поранешниот сопруг
Пејачката, со пет години помладиот милионер беше 12 години во врска, а 6 во брак. Се шпекулираше дека на љубовта ѝ дошло крај кога таа дознала дека Красниќ ја изневерува. Бадриќ неодамна изјави дека не треба да се вртиме кон минатото.
„Најлошото нешто што ми се случи е кога мојот маж престана да биде заштитник на моето срце. Кога не е искрен и кога често лаже. Кога се прави дека не му е грижа и кога ме зема здраво за готово, а уште полошо кога сѐ тоа ќе го сфати предоцна. На таквите не имдавам втора шанса. Не треба на човек да му се суди според лошоте искуства“, изјавила пејачката.
Таа во октомври лани ја прекина свршувачката со бизнисменот Тино Брало со кој беше во врска една година. За таа врска, Бадриќ не зборуваше многу, освен дека е среќна. Меиумите објавија за свршувачката кога Тино ѝ подари на Нина дијамантски прстен.