Попријатни и од здолниште, а даваат шик изглед! Панталоните што ги носи кралицата Ранија ќе ги преплават улиците оваа сезона

Добивај вести на Viber

Кралицата на Јордан секогаш има некое интересно парче или детаљ што го „носи“ целиот аутфит, а сега изборот падна на удобни и тренди панталони за сите пригоди

Јорданската кралица Ранија е една од најдобро облечените жени во светот, а секако е и една од дамите со најинтересен стил меѓу членовите на кралските семејства.


Таа е главно верна на класиката и деловната елеганција, иако сака да носи и традиционални јордански фустани, а секогаш има некое ефективно парче или детаљ што привлекува внимание и остава впечаток.

View this post on Instagram

A post shared by nona (@true_royals_1)



Кралицата експериментира со бои, кроеви и дезени, а сега за посетата на Фондот за иднината на децата без родители во Аман, избра малку понешалантен, но отмеен стајлинг.


Таа се појави во канцеларија во комбинација на неутрални бои со потпис на модната куќа Палмер//Хардинг. Таа носеше долга ролка која паѓа до колена во ткаенини поделени на широки ленти и панталони кои без сомнение ќе бидат доминантни во наредните месеци.

View this post on Instagram

A post shared by Rania Rajwa Style (@raniarajwastyle)


Станува збор за palazzo панталони, длабок модел со широки ногавици, кои почнуваат да се шират од колковите и на прв поглед наликуваат на макси здолниште. Направени од памук и лен, овие панталони ја зрачат класификацијата која обично се поврзува со деловните модели со директно сечење и се многу практични за високи температури и привлекуваат внимание со кројот во А-линија.

View this post on Instagram

A post shared by FABULA (@fabulastores)


Palazzo панталоните, со широка основа и тесен горен дел, како триаголник, се вистински хит секоја пролет и лето. Станува збор за удобни панталони со широки ногавици, кои и овозможуваат на кожата да „дише“, а својата најголема популарност ја стекнаа кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите, кога ги носеа некои од најпознатите жени од тоа време.

View this post on Instagram

A post shared by FASHION BUSINESS (@21attire)



И оваа сезона се очекува да ги преплават улиците на светските метрополи и модни центри, па доколку сакате да бидете во тренд во наредните месеци, набавете го вашиот модел што е можно поскоро!


Фото: инстаграм