Поради ова се расипуваат машините за перење алишта: Мајсторот откри каде сите грешиме и што треба да правиме (ВИДЕО)

Иако програмата за брзо перење изгледа практична, во овој случај треба да ја избегнеме таа опција.

Кога сме во брзање, брзото перење изгледа како одлична опција. Меѓутоа, сега е откриено дека ако ставиме некои поголеми работи во машината, може да имате големи штети.

Еден мајстор на TikTok детално објасни зошто не треба да користиме програма за брзо перење алишта, но и како честото користење на споменатата програма дополнително влијае на функционалноста на машината. Ако перете облека од полесни материјали - тогаш можете да ја користите програмата за брзо перење, но не често.

Кога станува збор за гардеробата од потешки материјали, тогаш таа претставува големо оптоварување за машината, па затоа воопшто не се препорачува програма за брзо перење.

- Кога машината работи многу брзо, крпите се собираат заедно, што доведува до големо оптоварување на барабанот. Тогаш машината почнува да „чука“ и да се движи – објасни тој.


Како што вели тој, таа програма се користи само за лесни ткаенини, кои не впиваат многу вода.

Меѓутоа, ако треба да перете крпи, памучна облека(која, по правило, претставуваат преголем товар за уредот), тогаш друга програма е многу подобра опција.

- Ако немате многу време, подобро е да изберете програма за перење на памучни алишта, која обично трае околу два и пол часа. Потоа, притиснете ја поставката за брзина за да го намалите времето на околу час и половина. Ова ќе и даде доволно време на машината за перење да испере сè правилно, без да претрпи дополнително оптоварување - објасни мајстор Вејдс.


Фото: pexels

Видео: ТикТок