Поради желба да има тело како девојките на Инстаграм, за малку ќе умреше: Плачев и врескав наместо да голтам, со сила ме хранеа

Анорексијата е сериозно пореметување, а податокот дека се повеќе млади луѓе заболуваат од оваа болест е повеќе од загрижувачки. Влијанието на социјалните мрежи врз свеста за изгледот го нарушува и менталното и физичкото здравје

Токму ова е и приказната за Ешли Томас, која престанала да јаде, во моментот кога нејзината „пријателка“ искоментирала на нејзината фотографија на Инстаграм, дека има стомак.

Ешли Томас е од Нов Јужен Велс во Австралија, а на 14 години имала само 38,5 килограми, па поради анорексија завршила во болница. Срцето ѝ застанало двапати и лекарите мислеле дека нема да преживее.

View this post on Instagram

A post shared by Ashlee Thomas (@ashlee.thomas)


Сега нејзината мисија е да им помогне на другите девојки кои се борат со нарушувања во исхраната. Таа ги предупредува родителите и децата за опасностите од Инстаграм, бидејќи од таму, како што вели, започнал нејзиниот „пат на смртта“.

Таа почнала да следи инфлуенсери кои ја промовираат таканаречената чиста исхрана и само сакала да биде „совршена“ како нив.
- Бев спортистка и сакав да имам најдобро можно тело, почнав да копирам се што ќе видев на Инстаграм, сакав луѓето да ме сакаат мене, исто како што ги сакаат другите инфлуенсери, но се случи спротивното, почнав да се мразам себеси... Кога еден од моите следбеници напиша во коментар дека „имам стомак“, престанав да јадам – пренесува CNN.

- Моите родители пробаа се што можеа само за да ме натераат да изедам нешто. Се сеќавам дека татко ми ми ја отвори устата во еден момент и мајка ми ми ставаше храна во устата затоа што едноставно одбивав да јадам. Плачев и врескав и не сакав да голтам ... Се случуваше социјалната служба да ни тропне на врата затоа што ме храниле насилно - додава таа.


- Кога ме примија во болница, докторот ми рече: „Не разбираме зошто си овде, требаше да си мртва“. Денеска можам да признаам дека навистина бев зависна од Инстаграм... Не треба да завршуваме во болнички кревети, ниту пак нашите родители да се збогуваат со нас само затоа што социјалните мрежи не' поттикнуваат да гладуваме – вели денеска 20-годишната Ешли за CNN.

View this post on Instagram

A post shared by Ashlee Thomas (@ashlee.thomas)


извор:najzena