Поранешниот партнер на Северина, со кој е во судски спор, повторно ќе стане татко: Милан го очекува четвртото дете
Поранешниот вереник на Северина, со кој сега е во судски спор, бизнисменот Милан Поповиќ ужива во бракот со сопругата Бојана со која има два сина, а сега очекува и трето дете со неа.
Милан Поповиќ, откако се раздели од Северина, е во брак со белграѓанката Бојана, но за овој пар во медиумите многу малку се знае.
Се запознале во Белград.
-Бојана е од добро белградско семејство, образована, остроумна, снаодлива, секогаш подготвена за шега – изјави еднаш Милан за неа.
Двајцата имаат два сина, а сега споделија прекрасни вести. Имено, Бојана е бремена и носи девојче, па семејството Поповиќ ќе биде побогато за уште еден член.
Милан и Бојана се пресреќни и со нетрпение го очекуваат раѓањето на својата ќерка.
Да потсетиме, бизнисменот има уште еден син, со пејачката Северина Вучковиќ, па ова ќе му биде четврто дете, а трето со Бојана.
Милан Поповиќ: Бев финансиски проект за Северина, а еве што мислам за нејзиниот развод со Игор
Северина тврди дека досега има добиено околу 70 тужби од поранешниот партнер Милан со кој се оствари како мајка, судските спорови започнаа со борбата за старателство над заедничкиот син Александар, а неодамна пејачката го помина и јубилејниот 50-ти роденден на суд.
Поврзани вести:
Уште една тужба од поранешниот за Северина, а досега поднел 70: Таа одлучи сè да објави јавно (ФОТО)
Грешка која скапо ќе ја чини: Северина на поранешниот сопруг мора да му плати 20 000 евра, причината неверојатна