Поранешниот сопруг ми помага, но јас сум самохрана мајка: Актерката Јелена Вељача против семејното насилство
По трагедијата која се случи на хрватскиот остров Паг минатиот месец, откако татко од својот балкон ги фрли четирите деца, продуцентката и актерка Јелена Вељача реши да организира кампања против семејното насилство.
„Не можев да спијам поради децата од Паг. Не можев да спијам ниту поради малиот Денис кој мајка му го уби пред неколку години. Откако сум мајка, често не можам да спијам. Тоа што сум јавна личност ме обврзува нешто да направам по прашањето семејно насилство. Затоа за прв пат, со луѓето кои ме поддржуваат и без помош од политичарите, ќе се обидам да организирам протест кој го нареков #спасиме во име на сите деца и жени кои пропуштивме да ги спасиме“, напиша Вељача на својот Фејбсук профил и ги повика сите познати личности да ја поддржат.
Јелена со ќерката Лена
На 16 март на пладне, во центарот на Загреб таа ќе организира протест против семејното насилство. По само неколку дена од нејзината иницијатива, во групата на Фејбсук се приклучија повеќе од 40.000 луѓе.
Јелена Вељача и нејзиниот поранешен сопруг, актерот Дражен Чучек станаа родители на Лана во декември во 2015 година.
Со поранешниот сопруг, актерот Дражен Чучек
„Дали сум јас самохрана мајка? Неодамна, по една моја објава на Инстаграм на која велам дека им се восхитувам на самохраните мајки, ме нападнаа, затоа што мојот поранешен сопруг ми помага околу грижата за ќерката. Ја зема од градинка, одат на прошетка. Поради таа помош, некои жени ме обвинија, ми рекоа дека немам право да се нарекувам самохрана мајка. Јас велам дека имам право. Мојата поранешна сверкрва е самохрана мајка, и искрено ѝ се восхитувам“, е дел од уште една објава на актерката која стана популарна по улогата на Дора во серијата „Вила Марија“.