Поранешниот сопруг на Гоца Тржан претепан: Иван Маринковиќ објави вознемирувачки фотографии, тврди дека раните му ги нанела сопругата од која се разведе неодамна

Добивај вести на Viber

Иван Маринковиќ и Јелена Илиќ пред неколку дена потпишаа барање за развод. Кавгата меѓу поранешните партнери не престанува, тие јавно се навредуваат, го вадат валканиот веш од бракот, а сега Маринковиќ на својата инстаграм сторија објави шокантни фотографии направени претходно. Тој ги покажа раните за кои тврди дека му ги нанела поранешната сопруга.

Тој тврди дека Јелена го малтретирала во текот на шесте години од нивниот заеднички живот, а заедно со вознемирувачките фотографии напишал:

- Вака изгледа кога Јелена тепа.

Инаку, пред три години медиумите неколку дена пишуваа за хаосот што се случи во станот на сега веќе поранешните сопружници. Тогаш живееле во Нов Белград, од нивниот стан се слушало врева и кршење, а реагирала и полицијата. Тогаш Иван беше со крвава рака. А за време на нивниот престој во реалното шоу „Парови“ исто така бил тепан во повеќе наврати.


После тоа, двајцата го средија односот и се венчаа, но се бракот се распадна во јуни годинава на само една недела пред крајот нареално шоу во која учествуваа заедно. Да потсетиме, Јелена го изневеруваше сопругот со цимерот Урош Рајачиќ. Јелена не се обидела да го спаси бракот по измамата, а на цимерите постојано им кажувала дека нивната врска е катастрофална и надвор од реалното шоу.

Фото:Инстаграм