Поранешното момче ја понижило со лоши коментари: Решила за инает да стане милионерка и целосно си го променила животот

Милионерката Карина Ирби откри дека огромните суми пари ги заработила поради суровиот коментар на нејзиното поранешно момче, кој ја поттикнал да започне бизнис со костими за капење, пишува „The Sun“.

Карина рече дека нејзиниот поранешен партнер ја исмејувал кога ја изнела идејата да го создаде својот бренд за костими за капење пред повеќе од десет години. Но, откако ги следела нејзините соништа и го оставила мажот кој не ја поддржал, таа сега го зазема пазарот со својот бренд за бикини.

Убавицата од Австралија во една од нејзините последни објави откри дека нејзината решеност да изгради бренд за најпродавани бикини била поттикната од грубата забелешка на нејзиното поранешно момче. Таа го опиша своето патување до врвот со две фотографии на кои се прикажани нејзините заносни облини покриени со песок додека носи танга бикини.

View this post on Instagram

A post shared by KARINAIRBY (@karinairby)


„Забавен факт... Пред 12 години, кога му кажав на мојот партнер во тоа време дека сакам да основам свој бренд за костими за капење... Знаете ли што ми рече? Тој рече: „Носиш само мали бикини за да ми го привлечеш вниманието. Мислам дека тоа е само обид да се бара внимание". Ова беше една од многуте работи што некој ми ги кажа кога го основав мојот бренд Moana. Но, токму тоа ми требаше!", истакна Карина.

View this post on Instagram

A post shared by KARINAIRBY (@karinairby)


„Тоа беше горивото што го запали мојот оган и мојата желба да успеам и да им докажам на сите што некогаш се сомневаа во мене дека тоа е можно. И сега еве ме на Хаваи, ја покажувам мојата 27-ма колекција... Имате хејтери? Користете ги како гориво“, истакна Карина, која откри дека е на пат да заработи 1,5 милиони фунти за само една година со нејзиниот бренд на костими за капење.


Фото: Инстаграм - karinairby