Порано Неделата беше убава...

Добивај вести на Viber

„Неделата порано беше убава. Наутро спиевме подолго, подоцна појадувавме и секој смееше да се излежува колку сака.

Во недела одевме на фудбалски натпревари, потоа одевме на прошетки покрај реката, а потоа кон крајот на денот правевме палачинки со чоколадо и јаткасти плодови. Ноќта се искрадуваше над небото, но никој не обрнуваше внимание затоа што знаевме дека неделата е ден кој не наликува на сите други и дека, всушност, никогаш не завршува.

Но, тогаш нешто се случи и неделата исчезна. Што и да правиме, колку и да се трудиме, не можеме да ја најдеме. Таа се сокри некаде, навредена и исплашена од можноста некој да ја натера да го смени името.

Имено, ако името Недела доаѓа од зборот „да не се прави“, а секој во тој ден се однесува како да е некој друг ден и не престанува со своите активности, тогаш недела не е недела и со право избегала.

Таа отиде некаде каде што сè уште се почитува едноставната доктрина: шест дена работи, а на седмиот одмори, читајте книги, пишувајте песни, одете во природа, бидете нешто друго, нешто поразлично од она што сте другите шест дена.

Биди поинаков тој ден за да бидеш ист останатите денови. Успори. Најдете бавна песна и слушајте ја цел ден. Уживајте во бавноста. Кажeте: „Јас сум бавен, признавам, но да бев побрз, немаше да знам дека постојам“.

Да, време е да ја вратиме неделата. Ако не го направиме тоа наскоро, никогаш повеќе нема да ја видиме.

А животот без една недела, односно животот без ден за одмор, веќе не е живот, туку мрачна вртелешка што престанува само еднаш – кога е доцна за сите“.

Д. Албахари


Фото: pixabay