Порасна малата Дона: Ќерката на Јана Бурческа наполни пет годинки (ФОТО)

Пејачката и водителка Јана Бурческа и нејзиниот сопруг Александар, се горди родители на ќерката Дона и малиот Дарин. 

Дона денес наполни пет годинки, а Јана која ретко објавува фотки од децата на социјалните мрежи, за овој посебен ден објави неколку фотки и видео од пораснатата ќеркичка.

 Сите велат дека Дона е „плукната“ на Александар. Дали е така и по карактер или сепак личи на мама Јана - во неодамнешно интервју за Женски магазин, Јана ни откри:

  - Во однос на физикусот на Дона едноставно „немам шанси” со Александар (се смее), меѓутоа во карактерот ми се чини дека е комбинација од двајцата. Упорна и решителна како тато, креативна и муабетчика на мама. Велат дека синовите се на мама, но во секој случај овде ќе речам дека најважно е — секако — детенцето да е здраво и живо.