Поразителна дијагноза: Најпознатиот доктор не ги препознал симптомите на неговата мајка
Освен што ја води популарнта емисија "The Dr. Oz Show", Оз Мехмет беше прогласен за „Глобален лидер на иднината“ од Светскиот економски форум и беше вклучен во „100 највлијателни луѓе“ во 2008 година.
Д-р Мехмет Оз, најпознатиот доктор во светот и омилена телевизиска личност за некои, ја сподели веста на Инстаграм дека неговата мајка Суна страда од Алцхајмерова болест.
„Сите знаци беа тука, но јас не ги препознав“, рече докторот, кој повеќе од 10 години верно го следат милиони гледачи ширум светот. Тој вели дека неодамна дознал за болеста на неговата мајка, а најболно за него било сфаќањето дека знаците, иако ги имало, не ги забележал.
- Кога почна да станува потврдоглава, вината ја припишував на нејзините години. Сестра ми забележала дека по 60 години започна да се шминка поинаку, но криела во себе. Кога мајка ми почна да им дава некои од своите работи на луѓе кои едвај ги познаваше, помислив дека само се обидува да се ослободи по смртта на татко ми - напиша докторот и истакна дека овие мали промени го означувале почетокот на болеста.
- Беше болно да се признае дека здравјето на мајка ми опаѓа, но ни овозможи да и помогнеме што е можно побрзо. Имате моќ да зборувате и да кажете нешто ако се сомневате во некој од горенаведените симптоми кај некоја блиска личност. Може да биде непријатно, но може да помогне во забавување на прогресијата на Алцхајмеровата болест кај некој што го сакате, предупреди Оз.
Освен што е домаќин на популарната емисија „The Dr. Oz Show“, Оз беше прогласен за „Глобален лидер на иднината“ од Светскиот економски форум и беше вклучен во „100 највлијателни луѓе“ на списанието „Тајм“ во 2008 година Тој е номиниран за девет Дневни награди Еми за Најдобар водител во Ток Шоу од емитувањето на „Д-р Оз Шоу“ и ја доби наградата во 2010, 2011, 2014 и 2016 година.
Извор: вечерни.хр
Фото: screenshot/youtube/ilustracija
Може да ве интересира:
Со години ја игнорирал мајка му: На нејзиниот погреб ја дознал целата вистина