Со години ја игнорирал мајка му: На нејзиниот погреб ја дознал целата вистина
Марк Меро неодамна ја врати својата светска
популарност со трогателно видео кое кружи на Интернет
Професионалниот борач Марк Меро влезе во историјата како шампион. Сепак, тој неодамна ја врати својата светска популарност со трогателно видео кое стана вирално.
Кога Марк влезе во едно училиште, никој од учениците не знаеше што да очекува од него. Меро, кој сега ја води непрофитната организација „Избор на шампионот“, знае колку им е тешко на децата да поминат низ одредени години. Сепак, она што го сподели со нив, целосно ги трогна.
Во раната младост, тој западнал во лошо друштво со кое често пиел и консумирал дрога, а единствената личност која цел живот била со него и верувала во него била неговата мајка, која ја сметал за здодевна и постојано ја игнорирал. Сепак, сето тоа се сменило во еден момент.
"Бев на светска турнеја во Јапонија. После натпреварот отидов директно во мојата хотелска соба и заспав. Во три наутро некој ми тропна на вратата. Станав, погледнав низ дупката и видов јапонски промотор. Тој ми рече дека морам да се јавам дома затоа што нешто се случило.
„Марк, не знам како да ти го кажам ова“, ми рекоа на другиот крај од телефонската жица.
„Само кажи ми“ и одеднаш слушнав плач.
„Марк, мајка ти почина“.
Го спуштив телефонот. Истрчав од хотелот, погледнав во небото и реков: „Мамо, многу ми е жал!“. Стигнав на нејзиниот погреб и бев ужасно нервозен покрај нејзиниот ковчег, па само стоев таму. Се сеќавам дека си мислев: „Мамо, те молам разбуди се. Те молам, стани“.
Конечно собрав храброст да и пристапам. Таа беше толку убава. Беше облечена во бело и изгледаше како ангел. Реков: „Мамо, ти си мојот херој! Ти должам тебе сè што направив и постигнав. Толку ме сакаше, ми даде живот, беше единствената што веруваше во мене!“.
Како и вратив? Со опивање, земање дрога, дружење со губитници - зошто? Сè што сакаше беше да разговара со мене. Ако имате мајка или татко, кажете им колку ги сакате. Цел живот сакав да бидам богат и славен, се грижев само за тоа. Не мора да биде така. Суштината на животот не е победа во трката, туку завршување на трката. Како би било да почнете да бидете добри еден кон друг? Како да престанеме да ги навредуваме луѓето и да ги повредуваме?
Бидејќи на крајот, можеби вие сте оние кои имаат потреба од помош да ја завршат трката. Научив што е навистина важно, а тоа е колку е скапоцен овој дар на животот и колку брзо може да исчезне.
Гледате, јас веќе не живеам во времето, туку во моментот. Не се грижам за утре, она што е важно денес е исто толку важно како и она што е во твоето срце.
Љубовта е само збор додека не и дадете значење – а, вие сте тоа значење “, заклучи Марк.
Фото: Youtube/screenshoot
Видео: Youtube
Можеби ќе ве интересира:
Сакам да станам доктор, за да ја излекувам мајка ми: Зборовите на Дарија кинат душа