Порцеланска убавина: Серијал фотографии на луѓе со албинизам промовира љубов кон сопственото тело

Добивај вести на Viber

Taлентирана фотографка направи позитивна акција со која промовира љубов кон сопственото тело. Јулија Таитс, графичка дизајнерка и фотографка од Израел, секојдневно ги воодушевува следбениците на Инстаграм со својот талент, но еден серијал посебно ја инспирирал и привлекол внимание кај луѓето.


„Порцеланска убавина“ , серијал кој го објави во два дела, промовира љубов кон сопственото тело, а моделите се луѓе со албинизам кои Јулија ги смета за исклучително посебни.


За да биде нивната единственост уште поизразена, Јулија ги облекува во бела облека, користи само бели реквизити и позадина. Нејзината главна цел е да поттикне самодоверба на фотографиите со луѓе кои имаат специфичен изглед предизвикан од ваква состојба или, на пример, витилиго.


Извор: 24седам.рс

Фото: Инстаграм/Официјален профил-Јулија Таитс