Portrayal, нов, доминантен и драматичен мирис во семејството на Amouage

Добивај вести на Viber

Претходната Amouage парфемска креација од 2018. не водеше во 80тите години на XX век, во њујоршкиот клуб 54, додека сега, со новата олфакторна креација Portrayal оди уште подалеку во минатото, во 1920 година.

Креативниот директор на куќата Amouage, Christopher Chong вели: Portrayal е наменет за  личности кои што имаат храброст за да се спротивстават на нормите на општеството.

Тоа беше инспирирано од време на драматични општествени промени и од луѓе кои ги притискаа границите на она што во тоа време се наметнуваше од масовната култура. Portrayal за мажите е мирисниот приказ на боемската култура од 1920та. Инспирацијата за овој мирис се друштвените и социјалните промени кое што го потресоа светот во првата половина на XX век. Дрвенестите ноти во комбинација со мирисот на кожата со лесен зачинет фасет и ветивер како централна нота, зрачат со мажествената енергија.

Во срцето на Portrayal мирисот за жени се наоѓа малку зачаден, но благ меланж создаден од фузија на посебен вид на тутун со додавањена ванила. Заедно со јасмин во горните ноти и со елемисот, овој мирисниот состав оживува ја атмосферата на ослободување на жените со наметнати социјалните диктати од 1920. година. Додатокот на туберозата им дава женствен и сензуален допир со новиот Amouage член во семејството на женските парфеми.