„Посакувам да ти се случува она што семејството ти посакува и Господ што го наумил“: Сестрата на Лозано емотивна за неговиот роденден

Добивај вести на Viber

Еден од најпознатите наши пејачи денес полни 39 години.

Веднаш по полноќ сестрата на Влатко Лозановски, Марија, која во јавноста е позната и како лекторка на својот инстаграм профил со фотографија од нив двајца како тинејџери со емотивна порака му го честиташе роденденот.

„Тој е постар од мене две години, ама цел живот сме како генерација. Оваа слика е на неговата полуматура и периодот пред да порасне долга коса, а јас неколку години пред да станам руса. Не ме личи темна коса, нели? 

Мислам дека сè што си посакал си добил, а заслужуваш многу повеќе. Затоа јас ќе ти посакам да ти се случува она што семејството ти посакува и Господ што го наумил.

Среќен роденден, брат, одлично ти оди!“

View this post on Instagram

A post shared by  (@marija.lozanoska)



Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot