После делта доаѓа ламбда сој, во себе носи 3 мутации: Научници предупредуваат за нова опасност

Добивај вести на Viber

Иако првата ламбда инфекција со вирусот корона вирус беше регистрирана во Перу пред една година

Ламбда сојот на коронавирус не е само повеќе заразен, туку и поотпорен на антитела, според најновата јапонска студија, со други зборови, вакцините помалку штитат од таа варијанта на вирусот.

Иако првата ламбда инфекција со вирусот корона е регистрирана во Перу пред една година, релативно малку се уште се знае за тој мутант, пренесува Телеграф.рс.

Затоа е важна најновата студија од Јапонија, според која спајк протеинот на видот ламбда носи три мутации кои се особено загрижувачки.

Една мутација има последица антителата послабо да можат да го неутрализираат вирусот, односно имунитетот на вакцинираните и оние кои ја преживеале короната е ослабен, затоа, вакцините се помалку заштитни од инфекција. Другите две мутации ипридонесуваат луѓето полесно да се инфицираат со ламбда варијанта, се вели во студијата од Јапонија, чии резултати допрва треба да бидат потврдени од независни научници.

Нови симптоми на делта сојот: Како да препознате дали сте заразени после прва и втора доза вакцина, а како ако не сте вакцинирани?


Резултатите од таа студија може да објаснат зошто овој вид на коронавирус се шири толку брзо.

Досега, варијантата ламбда е откриена во 30 земји, пред се во Јужна Америка, но индивидуални случаи се регистрирани и во Европа - Шпанија, Велика Британија, Италија и Германија.

Засега, Светската здравствена организација објави дека варијантата се испитува, но според јапонските научници, ламбда ги исполнува сите услови за да биде прогласена за „загрижувачка варијанта“.

Овие „загрижувачки соеви“ ја вклучуваат варијантата на делта, која првпат беше идентификувана во Индија.

Засега, малку е веројатно дека ламбда ќе ја потисне варијантата на делта, која во моментов доминира.

Иако ефикасноста на вакцините против коронавирус е нарушена од видот делта, сѐ уште има релативно мал број случаи на инфекција кај луѓе вакцинирани со две дози. Овие луѓе, секако, можат да ја пренесат инфекцијата на други луѓе, но кај повеќето вакцинирани инфекции предизвикува болест со благи или дури и без симптоми.

Меѓутоа, луѓето кои примиле две дози, но припаѓаат на ризичната група, се значително повеќе загрозени, па во секој случај имаат ослабен имунитет. Тоа се постари луѓе, кои страдаат од рак или со трансплантација на орган.

Во нив, овој вид на вирус може да предизвика тешка болест.

Затоа, најверојатно оваа група на луѓе ќе треба да ја прими третата доза од вакцината најдоцна на есен.