После ова никогаш повеќе нема да запалите греење во спалната соба: Еве зошто е поздраво спиењето во студена просторија
Не само што создава непријатност и потење, туку многумина ги пропуштаат многуте придобивки што би можеле да ги добијат од спиењето во ладна соба.
Температурата од 18 степени Целзиусови може да значи разлика помеѓу лошиот и мирниот сон, забележуваат експертите. Спиењето во постудена соба ни помага да останеме свежи и да изгледаме помлади. Исто така, пониската температура го стимулира производството на мелатонин, кој уште се нарекува и хормон за спиење на телото. Тој е и антиоксиданс, што значи дека служи како хормон против стареење.
Спиењето во постудена соба исто така може да помогне да се спречи несоница. Истражувањата истакнуваат дека неколку форми на несоница всушност се поврзани со повисоки температури на телото. Многу луѓе со несоница имаат потешкотии да ја регулираат телесната температура, ограничувајќи ја можноста за губење топлина.
Повисоките температури значат дека телото ослободува повеќе стрес хормони - кортизол. Поладна соба помага во одржување на нивото на кортизол, што значи помалку стрес и подобар квалитет на сон.
Спиењето во ладна соба може да ги намали и шансите за развој на метаболички болести како што е дијабетесот. Исто така, го подобрува нивото на хормонот за раст, кој помага да се спречат срцеви заболувања, депресија и дебелина. Зголемениот мелатонин го намалува и ризикот од Алцхајмерова болест.
Една од придобивките од спиењето во постудена соба е тоа што спречува габични инфекции. Конечно, спиењето во ладна соба може да има смирувачки ефект, што може да помогне во борбата против болката и воспалението, кои инаку би можеле да го прекинат сонот.