После убаво будење и кафе по мерак, денот ни носи поубава енергија: Муабетиме со стилистот Војкан Андреевски

Добивај вести на Viber

Секогаш скоцкан од глава до пети Војкан Андреевски е еден од најпознатите стилисти во главниот град кој беспрекорно ги средува косите на девојките. 

Обожува да носи сѐ што е во тренд, а не бадијала ја има и професијата професионален стилист. 

Во денешниот лаф муабет ни раскажа како му почнува денот, како го подготвува утринскоот кафе, што го мотивира, но и кои се неговите дневни планови и обврски.

Денот го започнувам со убави мисли, со многу ентузијазам, љубов... Секој ден за мене е нов ден, и нов предизвик и што е карактеристично за мене, денот го започнувам и завршувам со една мисла а тоа е ширење на многу љубов и почитување …

„Утрата се неповторлив дел од денот, најспокоен момент во кој си сам со себе, со чисти мисли пред претстојниот ден. Кафето е неизбежен ритуал во кој што уживам секое утро.


Подготовката на кафе за мене е посебен ритуал, од припремање на автоматот, до избор на чаша во која ќе го пијам. Се ова има големо значење за моменти на уживање во конзумирањето на кафето, кафето не ми е навика туку дел од моите ритуали. Секако, после убаво будење и кафе по мерак, денот ни носи поубава енергија“, вели Војкан на прашањето како изгледа едно негово утро.  Тој ни откри дека е љубител на кафето еспресо, а истото го подготвува во соодветен апарат со специјални капсули,

„Си го одбираш кафето кое што ти годи. 


Кафето ме буди и ми го означува почетокот на денот, ми ги средува мислите и ги подредува секојдневните обврски во еден дисциплиниран планер. Мојата работа е многу активна , работам со луѓе, а и временски е подолго од секое работно време. Така што се случува во денот да пијам уште неколку кафиња, може и макијато или домашно кафе со пријатели“, ни кажа познатиот стилист.



А, од што се мотивира во секојдневието?

„Целата енергија ја добивам од оптимизмот на луѓето, се соочувам со секакви ситуации и секакви разговори. Како и секој човек важно е да ислушаш секого, ако си во можност и да помогнеш, но и трудот кој го вложувам за моите клиенти да излезат задоволни од мојата работа со еден поубав дефиниран лик, разубавен и полн со самодоверба“, вели Војкан, додавајќи дека ритамот на деновите е сличен, но содржината е различна.




„Работам многу часови, но си ја сакам работата и не ми претставува пречка ништо откако ќе видам весели и насмеани лица. Многу пријателства и дружби имам стекнато во мојот салон, така што тоа е моето опкружување и мојот живот. Убаво е да го работиш тоа што го знаеш и го сакаш“, вели тој.

View this post on Instagram

A post shared by Vojkan.Andreevski (@vojkanandreevskiofficial)




Нашиот познат стилист вели дека по работните обврски кои најчесто му завршуваат навечер, најмногу сака вечерите да ги поминува дома пред телевизор или со добра музика. Во слободни денови сака да се дружи со пријателите , да излезе на убаво место, вечера, забава.



Со оглед на тоа колку му дозволува професијата, Војкан вели дека има помалку време за читање, но за добар филм наоѓа време.


Ирена. С