Последниве 36 години не сум имала ни кивавица: Тања Бошковиќ ја откри тајната на неуништливиот имунитет и испрати порака која секој треба да ја прочита

Актерката Тања Бошковиќ (69) може да се пофали со одлично здравје, кое, како што вели, пред сè го должи на својот ведар дух.

Тања Бошковиќ важи за една од најдобрите, но и најубави српски актерки, а убавината ја негува пред сè одвнатре. Физички е активна, задоволна од животот и секогаш полна со позитивни мисли.

- Јас припаѓам во групата на луѓе со здравје на железо. Имам 69 години. Не сум имала ни кивавица во последните 36 години. Не знам како луѓето станаа инертни. Сè уште трчам, скокам, бркам, лудувам и пеам... Го сакам морето и пливањето. Сè уште јадам грст храна на ден. Никому не му е потребно повеќе. Јас живеам здрав селски живот. Немам потреба да се прејадам во ниедна смисла. Веројатно молитвата, причестувањето и исповедта ме одржуваат во добро духовно и телесно здравје. Тоа е мојата радост. Никогаш не сум посегнала по повеќе отколку што можам. Господ ми даде онолку дарови колку што ми даде, и јас сум задоволна. Господ ми дозволи да имам деца, многу сум среќна – изјави актерката за „Курир“.
Љубовта кон најблиските ѝ е најважна, а материјалните работи никогаш не ѝ биле приоритет. Како што вели, на сè ова му го должи здравото тело и ум, дури и на прагот на осмата деценија.

- Се трудам да немам лоши мисли. Ги доживувам како грев... И кога ќе дојдат лоши мисли, ги бркам. Не морав да носам фустани потпишани со туѓо име за да ми кажат дека сум вредна. Ме хранеше љубовта на моите родители, сестра, деца, пријатели и соседи. Не морав да правам ништо. Не ми требаат коли и пешачам насекаде. Во јавен превоз се качувам само ако брзам. Здравјето се наоѓа во нашите души. И телото реагира на секоја лоша мисла. Ве убвиваат вашите умови и калкулации, ова им го упатувам на читателите - растеретете ги душите и радувајте се – рече Тања Бошковиќ.

Актерката неодамна проговори за тоа што мисли за естетските корекции и во таа прилика истакна дека секоја жена треба гордо да ги носи своите години.

- Убавината е внатре. Никој од овие со силикони во уста, оперирани, нема да разбере што зборувам. Залудно се трудат. Тоа е навистина смешно. Замислете ги тие девојки што ставаат импланти во јаболчниците, градите, не знам каде повеќе... Што ќе родат? Што е тоа? Тоа е и глупаво и непотребно. А жени на моја возраст се обидуваат да ги испеглаат брчките! Што се обидуваат да кажат? Овие очи не можат да бидат измамени. Го знам животот што го живеев. Тоа ми е најубавото нешто. Знам каква бев кога паднав и колку измачена станав. И што ми е гајле? – изјави актерката пред извесно време во емисијата „Агапе“.

извор:najzena

Лана е убавица како мајка ѝ: Ќерката на Тања Бошковиќ се омажила неодамна, во тајност (ФОТО)