Лиам ќе стане батко: Инфлуенсерката Ангела Ѓоргиева го откри полот на второто бебе
На уникатен начин, со торта избоена во сино во внатрешниот дел, познатата инфлуенсерка Ангела Ѓоргиева и нејзиниот сопруг во присуство на синчето Лиам, откри дека второто дете што го носи е момче.
Тоа значи дека малиот Лиам ќе стане батко .
Модната инфлуенсерка и манекенка и нејзиниот сопруг Раде открија дека оваа есен нивното семејство ќе стане побогато за уште еден член, а среќната вест со следбениците ја соопштија преку фотографии на Инстаграм.
„Второто бебе нѝ доаѓа оваа есен, нетрпеливи сме да го запознаеме“, напишала таа во описот на фотографиите кои се дело на фотографот Антонио Станковски.
Држејќи ги во раце фотографиите од ехо снимката Лиам среќно позира покрај неговите родители.Ангела и Раде за првпат се остварија во улогата на родители во 2022 година кога го добија синот Лиам, а Ангела претходно направи многу интересна фотосесија на која позираше само со бела марама.