Постои и негативен оргазам: Можеби сте го доживеале без да знаете, еве за што се работи

Оргазмот е всушност загрозен сам по себе

Според истражувањето објавено во „Archives of Sexual Behavior“, „негативниот“ оргазам може да укаже на голем број проблеми за време на сексот - од тоа што е единствената цел на партнерите до смирување на егото на партнерот или збунувачки чувства што може да ги предизвика кај луѓето кои се големи верници или заробени во телото на спротивниот пол (трансродова личност).

Иако оргазмот има долга историја на поврзување со сексуален успех и бил поврзан со феминизмот во 1960-тите, истражувачите зад студијата истакнуваат дека постигнувањето оргазам може да создаде несакан притисок.

Во истражувањето во кое учествувале 726 луѓе на возраст од 18 до 66 години, тие одговориле на прашањето: дали некогаш имале негативно искуство поврзано со оргазам. Повеќето од испитаниците биле белци и имале различен пол и сексуален идентитет.

Кој е императивот за оргазам?

Истражувачите истакнуваат дека „императивот за оргазам“ или идејата да се доживее оргазам „баш секогаш“ и дека тоа се смета за нормално, за возврат создава непотребна вознемиреност. Покрај овој социјален притисок, некои учесници изјавија дека доживуваат уште поизразен притисок за постигнување оргазам од нивните партнери.

Испитаниците откриле дека и покрај навидум задоволувачкиот секс, нивните партнери ги обвинуваат ако случајно не доживеат оргазам, па дури и повеќекратни оргазми. Исто така, ги обвинуваат дека не ги сметаат за доволно привлечни или дека другите работи во нивниот живот се поважни од нивниот заеднички сексуален живот.

Авторите на студијата Сари ван Андерс, професорка на Универзитетот во Квинс и Сара Чадвик од Универзитетот во Мичиген, нагласуваат дека овој тип на сексуална принуда во никој случај не е пожелен.

Тие ги анкетирале учесниците за „квалитетот“ на оргазмот за време на сексот. Мнозинството од испитаниците изјавиле дека оргазмите биле помалку пријатни, а понекогаш и послаби и болни за време на секс со „негативен“ предзнак.

Емоционално исклучување

Често се работело за емотивно неповрзан секс. Некои учесници рекоа дека за време на сексуалниот чин духовно и емотивно се одвоиле од партнерот. Освен тоа, сексот често бил болен, а „адреналинот не бил доволно силен за да ја потисне таа физичка сензација“.

Религијата и полот исто така играат голема улога кај некои луѓе да се чувствуваат лошо за време на сексот, особено кога ќе постигнат оргазам. Одговорите покажаа дека жените можат да се најдат во многу непријатна ситуација кога мажот коментира дека женското тело е „идеално за физичка работа и за раѓање деца“, што може да стане прилично вознемирувачки фактор за неа. А силен религиозен набој може да придонесе за лошо чувство по доживување оргазам.

Авторите на истражувањето се надеваат дека ова истражување е само мал дел од разбирањето дека, на пример, доживувањето оргазам не го прави сексот автоматски „одличен“ и дека не може да ги анулира негативните чувства ако се почувствува притисок за време на сексот, пишува 24 часа.


Фото: unsplash

Најдобрата и најлошата поза во сексот за женскиот оргазам: Една е целосно изненадување