Потечена сум од солзи, сѐ тргна наопаку: Наташа Беквалац преживува драма

Наташа Беквалац во изминативе часови поминува низ вистинска драма, но не сака многу да зборува за тоа. За да не им се обраќа на сите поединечно, таа на своите фанови им се обрати на социјалните мрежи. Пејачката напиша дека од сношти, нешто ѝ тргнало наопаку и оти е потечена од солзи.

„ Сѐ што можеше да тргне наопаку освен концертот, фала му на Бога, тргна од сношти. Што ли е тоа, дали повторно ме мачи Меркур, не сум паметна. Така што, вака потечена од плачење ќе се појавам на промоцијата на спотот денес пред „седмата сила“ и пред своите фанови“, напиша пејачката и додаде:

„ Спотот премиерно ќе го пуштиме на мојот Јутјуб канал. Не прашувајте зошто, ниту што се случува, изгледа дека е така кога ќе тргне наипаку. Да сме живи и здрави, ве сакам“, вели српската пејачка.