Повторно на врвот: Најбараното здолниште за оваа сезона

Добивај вести на Viber

Да ни речеше некој пред неколку години дека токму овој модел ќе биде еден од најактуелните веќе неколку сезони по ред, ќе немаше шанса да му поверуваме. Модниот свет има многу измешани емоции и размислувања кога е во прашање плисираното здолниште.

Трендот од 80-те години на минатиот век не само што во 2019 година направи вистински бум, туку e и еден од носечките кога е во прашање сезоната есен/зима 2019-2020. Плисираното здолниште во моментов е актуелно во земјени и посмирени тонови, додека должината миди и понатаму е во фокусот.

Летово на еден настан во плисирано здолниште кое е апсолутен хит се појави и поп-ѕвездата Северина на која овој модел одлично ѝ прилега.