Повторно се огласи Наташа, откако беше ѕверски претепана: Тој е здрав, прав, а мене лицето ми е деформирано (фото)
Српската старлета Наташа Шавија неодамна беше ѕверски претепана од нејзин пријател познат како Стефан Кариќ, по што таа заврши во болница со сркшеници и подливи на лицето. Со оглед на тоа дека повредите беа премногу тешки таа помина низ неколку операции, и допрва ја очекуваат уште неколку естетски корекции.
Неодамна таа откри дека по првата интервенција имала компликации, и дека едвај гледала на едното око, но и дека раната гноела. Коската на образот и била скршена, а болката сеуште не и престанува. По неколку дена насилникот е приведен, а по сослушувањето тој доби 30 дневен притвор.
Откако страстите малку стивнаа Наташа повторно се огласи на Инстаграм за сето она што се случило.
-Кога некој ќе рече: „Никој не очекуваше вакво нешто од него, нешто мора да се случило, да ја слушнеме неговата страна на приказната...“, се прашувам која страна на приказната, за волја на Бога, кој би можел ова да го оправда, се запраша Шавија....
Што и да се случувало, ниту една жена не заслужува да биде ѕверски претепана.