Секој од нас на училиште имал барем еден наставник кој едноставно сме го обожавале. Тоа се наставници на кои секогаш се сеќаваме со љубов и благодарност.
Чандини Ланфорд од Њу Џерси е токму таква наставничка. На денот на еден од најважните тестови, таа на своите ученици одлучи да им направи навистина големо изненадување кое веројатно нема да го заборават до крајот на животот.
Во продолжение прочитајте дел од инспиративните пораки што наставничката им ги напиша на своите ученици.