ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Оваа девојка ќе ви го разубави денот, дури и на Пинк ѝ го скрши срцето

Добивај вести на Viber

Поп-пејачката Пинк на својот Твитер профил сподели видео од кавер на нејзината песна „Hurts 2B Human“ 

Во видеото тинејџерката Али Шерлок, која е од Ирска, ја пее песната и свири гитара на улица, додека за кратко време се собираат луѓе.

Пинк на објавата на Твитер напиша „Ох мој Боже. Оваа девојка ми го скрши срцето.“ 

Ова не е првпат каверите на Шерлок да го привлечат вниманието на познатите ѕвезди. Минатата година, таа се појави во шоуто на Елен, кога имаше само 12 години каде се појавија видеа од нејзините улични изведби.

Таа сака да го запознае познатиот продуцент и артист Pharrell и да работи со Чарли Пут, но по оваа ситуација најпрво може да очекува соработка со Пинк.

Извор: Newshub