Позитивна вест: Направен е тест за бременост за слепите лица

Жените кои имаат деца сигурно се сеќаваат на првиот момент кога дознале дека се бремени. Без оглед на мешавината на чувства, моментот е само нивен, од чиста среќа до загриженост, и тие можеа да ја задржат интимноста и приватноста на тестирањето.

Слепите жени и лицата со оштетен вид често не се првите кои откриваат дека се бремени. Тие морале да побараат од некого да го провери тестот за бременост или при најмал сомнеж да отидат кај гинеколог за да ги потврдат тие сомневања. Кој би помислил дека досега, не постоеше тест чии резултати можеа да ги прочитаат тие самите? Но, сега е направен прототип кој е веќе достапен на пазарот и кој конечно ќе им даде можност на слепите бремени жени да го доживеат тоа чувство во интимност и приватност како што треба. Направен е така што резултатите може да се почувствуваат, со испакнатини на кои укажуваат на потенцијална бременост.


Даниел од Лондон, е една од жените вклучени во развојот. „Правев тест за бременост кој беше негативен, а лицето кое требаше да ми го прочита ми рече:„ Ах, добро, тоа е најдоброто нешто, нели?“, иако таа знаеше колку јас и сопругот сакавме бебе“. Прототипот, со помош на членови на заедницата со оштетен вид и слепи лица, беше создаден од дизајнерот Џош Васерман како дел од кампањата „Дизајн за секого“, која ги охрабрува компаниите и дизајнерите да дадат приоритет на пристапноста за секого при креирање производи и услуги.


Фото: pixabay

Фото: RNIB/THE&PARTNERSHIP LONDON